Повеќе од шест месеци на клупи во населба Тунел живее постара велешанка. Клупите во близина на бараките кај Дервен за неа се единствен дом кој го има во моментот додека живее од милоста на околните жители и минувачи кои и помагаат кој колку може. Граѓаните на социјалните мрежи бараат подрачната единица на Центарот за социјални работи Велес да преземе нешто и да биде згрижена жената посебно што зимата сега станува се поостра, а старицата е оставена на отворено.