По сите превирања кои настанаа откако Кочо Анѓушев најави дека се повлекува од понатамошното финансирање и менаџирање на ФК Борец се погласна станува шпекулацијата дека српски инвеститор е заинтересиран за купување на ФК Борец. Иако ветераните на Борец најавија дека ќе го преземат клубот сепак според формално-правниот статус кој го има клубот како АД и според најавите на Кочо Анѓушев ФК Борец ќе оди на продажба на берза па секоја опција за нов инвеститор останува отворена.  Повеќе детали се очекуваат деновиве