Србија потврди 408 нови случаи на заразени со коронавирус. Во таа земја вкупно се заразени 4.873 лица. Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица заразени се 234 корисници и 32 вработени. Во србија хоспитализирани се 3.245 заразени. Во последните 24 часа починале пет лица, со што смртниот биланс од коронавирус во Србија се искачи на 99.