Помеѓу 29 и 30 март уништен бил целиот дрворед на улицата АСНОМ покрај фабриката Благој Ѓорев во Велес. Сторителот не е познат засега но по начинот на кој тоа е сторено очигледно станува збор за намера и е направена голема штета. На таа површина без дозвола може да се забележат паркирани автобуси на приватни компании но полицијата досега не презема активности за нивно казнување, информираше денес градоначалникот Аце Коцевски. Тој побара од надлежните да го расчистат случајот.