Следната недела, по анализата на состојбата со Ковид-19 ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости но само надвор. Предлогот за мерките кои беа продолжени денес, утре ќе бидат на седница на Влада, каде треба да се усвојат. Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.