Се известуваат членовите на Синдикат на Полиција во Македонија и вработените во Министерството за внатрешни работи дека денес 27.07.2020 година, Синдикат на Полиција во Македонија испрати писмо до Министерот за внатрешни работи со кое се бара да се обезбедат бесплатни тестови за изложеност од вирусот “Кивид 19”. Подоле во прилог наведеното барање:

Во текот на месец Мај 2020 година на голема врата се најави скрининг тестирањето за коронавирус од страна на „Центарот за јавно здравје“ во Скопје како и „Институтот за јавно здравје“ кој заеднички требаше да направат план за скрининг на лица за коишто се смета дека се во критични категории, план во кој првично беа имплементирани и припадниците на полицијата во МВР но од информациите со кои располагаме таков скрининг во МВР не е вршен а и ако е вршен е на мала бројка. Воедно и периодот во кој полициските службеници секојдневно беа на терен со цел обезбедување и планско покривање на активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, како и поради зголемениот обем на работа за време на изборниот процес беа дополнително изложени на вирусот „КОВИД – 19“.
Поради гореспоменатото како и поради зголемената изложеност на колегите во СПМ секојдневно стигнуваат информации дека во редовите на МВР има нови позитивни случаи на заразени колеги но и колеги кои се сомневаат дека се заразени.
Како Синдикат покрај основна цел борбата за подобри права на вработените, нас од интерес ние и здравјето на вработените. Имено во изминатиот период полицијата не остана имуна на болеста па бројот на болни и кај припадниците на МВР секојдневно растеше. Со оглед на фактот дека државата треба да се врати во нормален процес на функционирање, имено процесот кој навистина беше и опфати многу полициски службеници „Избори 2020 година“ помина, зголемениот број на заболени во овој период од месец Мај па навака како и спречувањето на појава на полициски кластери после сите овие активности како Синдикат бараме ВЕДНАШ да отпочнат скрининг тестирања согласно гореспоменатиот план со цел спречување на ширењето на болеста помеѓу сите полициски припадници.
Како Синдикат неодложно бараме доколку е во можност Министерството доколку не Владата веднаш да обезбеди бесплатни тестови со кој ќе се врши скрининг и тоа по возраст и хронични болести кои би биле опфатени со испитувања во првиот период а потоа и за сите останати со цел да се види опфатеноста на полициските службеници со овој вирус, идентификување на бројот на асимптоматски случаи кои во голем број се присутни помеѓу припадниците на МВР, имено истите се заразени а не се свесни поради тоа што немаат симптоми а од друга страна го пренесуваат на други лица, како и мапирање на случаи и лица кои веќе го прележале а не ни знаат
Со ова наше барање, ќе се овозможи поквалитетна проценка како и намалување на можноста за понатамошно ширење на болеста помеѓу припадниците на МВР.

Со почит,
СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА