Археологот од НУ Стоби, м-р Гоце Павловски, предупредува дека тие не се направени на падина како во Охрид и Хераклеа, туку под нив имаат радијални ѕидови чијашто статика во изминатите две илјади години е разнишана.

– Пропаднати се седиштата, па не дај боже и при помал земјотрес додека се одржува некаква престава во Стоби, седиштата може да паднат внатре и може да има и жртви. И не мора да е земјотрес под тежината на публиката, едноставно може да пропаднат и затоа не е безбедно да има претстави во театарот во Стоби, предупредув м-р Павловски.

Тој истакна дека годинава и Фестивалот на античка драма, кој лани изостана поради пандемијата, ова лето ќе се одржува на други локации во Стоби. Воедно појасни и дека кога во изминатите години се одржуваше Фестивалот на античка драма, во театарот во Стоби тој се одржувал во многу несигурни услови и под голем ризик за уништување на објектот.