Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани изнесува 16,6 отсто и е намалена во однос на третиот квартал, кога изнесуваше 17,1 отсто. Стапката на активност во последното тримесечје од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал годинава активното население во државава изнесува 968 604 лица, од кои вработени се 807 362, а 161 242 лица се невработени.

Од невработените лица, 33.508 се со високо образование, 71.914 со средно четиригодишно образование, 12 931 со средно тригодишно, а со основно образование се 34.869 лица.