Blood sample with respiratory coronavirus positive

6 нови случаи во Македонија со Корона вирус, а вкупно 18 заразани.

Една ново заразена со вирусот вчера допатувала од Барселона. Таа имала покачена телесна температура и патувала со заштитна маска, но за претпазливост, сите 51 лице се во самоизолација.

Другите 5 нови случаи се од Дебар и тие се со лесни симптоми на вирусот.

Владата денес донела одлука да се затворат сите копнени гранични премини во Македонија, освен Табановце, Дебе Баир, Богородица, Ќафасан и Блаце каде што ќе може да се влезе и излезе од Македонија. Исто така се затвора и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид после 48 часа од донесување на оваа мерка.

Исто така се донела и одлука за забрана на странски државјани во Македонија и од земји со среден ризик според СЗО.

Исто така во целост се затвораат и сите кафетерии, кафани кладилници и казина на територија на цела Македонија.

Министерот Филипче исто така додаде дека и се затвараат моловите, освен маркетите и продавниците за прехрамбени продукти. Сите угостителски објекти кои работат со храна можат да работат преку алтернативни начини, преку онлајн набавки и достави.