Вчера попладнето околу 15 часот во СВР Велес било пријавено дека во семејната куќа во Велес, М.Д на возраст од 26 години, по вербална расправија, физички ја нападнал неговата 23-годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Велес, Љубомир Додевски.