Владата попладнето го објави спсикот на сите фирми, кои зеле државна помош, а потоа ја злоупотребиле и не ги исплатиле вработените. На овој список се компании од повеќе градови, а помеѓу нив има 7 велешки фирми. Не два милиона евра, колку што првично објави директорката на Управата за Јавни Приходи (УЈП), Сања Лукаревска, туку станува збор за 10 милиони евра што работодавачите ги задржале од државната финансиска поддршка што беше наменета за исплата на плати (14.500 денари) на работниците, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од Владата. Меѓу над 4.500 компании има и медиум. Погледнете го списокот на овој линк.