Владејачката партија СДСМ на Извршниот одбор вечерва одлучуваше за триесет кандидати за градоначалници на локалните избори, што треба да се одржат во втората половина на октомври. За Општина Чашка како и за Општина Градско, СДСМ одлучи да им даде подршка на веќе актуелните градочалници па така за Општина Чашка втор мандат ќе бара Горан Стојановски додека за Општина Градско шанса за втор мандат СДСМ му даде на Роберт Бешовски. Името за кандидат за градоначалник на Велес вечерва не беше објавено, а повеќе од јасно е дека актуелниот градоначалник Аце Коцевски по негово барање нема трча по уште еден мандат, одлука која самиот Коцевски неколкупати јавно ја потенцираше.