Кандидатот за советник, Коста Нојков е уште еден од ликовите на ДПМНЕ со темно минато и добро познат на велешката јавност како адвокат на Метрудхем, фирмата која пред 10 години сакаше да ја рестартира велешката Топилница изјавија на денешната прес конференција од ОО СДСМ Велес.
Додека огромен дел велешката јавност предводени од нашиот кандидат за градоначалник, Д-р Ненад Коциќ се бореше за здрав живот и за здрава животна средина, адвокатот Коста Нојков го интересираа само личниот профит во застапувањето на Метрудхем.
Денес на велешката јавност и е јасно која политичка елита стоеше зад обидот за рестартирање на Топилницата пред 10 години.
Директорот Тони Димитриовски беше близок соработник на Груевски, директор на скопската УЈП и Тутунски комбинат–Прилеп во времето на Груевски.
Коста Нојков, адвокат на Метрудхем и застапник при обидот за рестартирање на Топилницата и повторување на велешкиот еколошки холокауст.
Истите луѓе на Груевски, Марко Колев наставникот по географија, раководител на ВПР од времето на Груевски, Зоран Љутков-член на ГДОМ и еден од најгласните поддржувачи на режимот и Коста Нојков како “АДВОКАТ НА ТОПИЛНИЦАТА” се луѓе кои припаѓаат на темната страна во историјата на Велес, велат од ОО СДСМ Велес.