На сето ова би додал и соодветното ,,планирање,,!Зошто? Не така одамна во непосредна близина на градската средина службите на ЕЛС издале дозволи за изградба на свињарски фарми. Од ,,Речани,, до крајот на индустриската зона,,УЗУС,, и тоа на неколку локации. И што станува, Господата ,,законџии,, пресметале се само не дека градот за неколку години ќе се прошири токму на овој простор и дека непријатната миризба од фармите ќе се шири насекаде!
И така сега поради ,,небрежност,, на тие служби (без разлика од која гарнитура биле или се) над 20 илјади жители од новиот дел на градот во овие летни горештини буквлно пенџере не можат да отворат од неподносливата миризба што секојдневно се шири. И што сега?ЕЛС наместо да го ,,пушти,, инспекторот за животна средина да изврши проверка на третманот на изметот и отпадните води, да издаде решенија, да провери дали се се работи според законот кога е во прашање животната средина, тие и натаму ,,мудро,, си молчат и ,,намигнуваат,,.
Во никој случај не сме против работата на фармите, ама на оваков начин ја претераа.
Замислете!  Седите во двор, тераса или дома, отворени прозории слично .на горештиниве да ве фати ладот и наеднаш ве заплиснува бран од неподнослива миризба!
Сега и не е важно кој кому, кога и како му дал дозвола за градба и работа. Прашањето е како да се реши проблемот!
Законот и во оваа прилика е јасен. Некој треба да го почитува,а ,,некој,, треба да контролира.Проблемот е во тоа што никој ,,не го боли уво,, за овој не мал проблем. Е сега би ги поканил на дишење неоднослива миризба господата, па да почувствуваат како е.ако воопшто имаат осет! Како стојат работите не! Решение има. Тоа го знаат и ,,локалците..! Недостасува нешто ,,друго,, А Тоа е од господа!!! Јас ТОЛКУ, а Вие видете !Само не како досега!! !Сепак ,,Свињар среде град не се бидува,, !Така?