Вчера попладнето околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Солунска“ во Велес, Н.Л.(26) од Велес, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од Љ.Ј.(54) од Свети Николе. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше денес портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.