Дуото составено од Драган Спасов Дац и Александар Митевски постојано изненадува со нови кавери за време на социјалната изолација.

Направија и неколку кавери со звучни имиња од музиката, но овој последниот не смеете да го прескокнете.

Придружувани од Brasstet Skopje направија одлично музичко парче, кое ќе биде апсолутен хит на годината.

За само пет дена  песната на нивниот канал на you tube надмина милион прегледи и голем број позитивни коментари.

Тоа што уште повеќе изненадува е што песната е објавувано и на други фејсбук страници и таму има над 800 илјади прегледи.

Видеото кое го објави премиерот на Бугарија за само неколку часа собра над 300 илјади прегледи.

Со ова може да кажеме дека песната ги руши сите рекорди до сега како песна од Македонија.

Видеото во моментов само на нивниот канал досега достигна блиску до 1,400,000 прегледи.