ФК Борец засега останува во рацете на Кочо Анѓушев, според  Перо Ранготов од ветераните на клубот, од нив се бара да исплатат 25.000 евра на име на акции.

Ранготов за дриблинг.мк изјави дека Анѓушев побрал од ветераните на ФК Борец да му исплатат 25.000 евра за да им го врати клубот во нивна сопственост.

„Анѓушев побара од нас да му исплатиме 25.000 евра за да ни го врати клубот, тоа се пари за акции кој потоа тој би ни ги вратил назад, ние клубот му го дадовме без долгови и на „нула“, сега од нас се бараат 25.000 евра кои ние ги немаме, клубот и натаму е во рацете на Анѓушев“ – изјави за дриблинг ветеранот Ранготов.

Кочо Анѓушев вети дека клубот ќе го врати на ветераните на ФК Борец, чист и без долгови, но сега доаѓаат нови информации.

извор: dribling.mk