Фудбалската сезона под знак прашалник – така во изјава за Велес365 размислува потпретседателот на ФФМ – Лазар Ракиџиев. Дали воопшто постојат можности за продолжувањеи завршување на Првата македонска (и осанатите) лига во фудбал и кои се ставовите на Фудбалската федерација на Македонија по оваа проблематика – беа прашањата кои деновиве му ги поставивме на потретседателот на ФФМ, нашиот сограѓанин Лазар Ракиџиев. – На последниот состанок во Куќата на фудбалот ги резгледавме сите аспекти од ова актуелно прашање за љубителитена фудбалот. По многу дискусии дојовме до единствен заклучок дека е потребно да го добиеме мислењето на Кризниот Штаб. Досега поднесовме неколку барања за мислење, став или одлука и сеуште немамне одговор. Никако нема да го ставаме под знак прашалник здравјето на фудбалерите и покрај што насоките на ФИФА и УЕФА се јасни – секоја членка да го почитува мислењето на здравствените работници, вели Ракиџиев. Инаку според него тешко е дека домашното првенство од кое остануваат уште 12 и куп натпреварите каде остануваат 6 кола, воопшто и ќе се одржат. Инаку, ФФМ веќе се има подготвено за доигрување на натпреварите со посебни протоколи во време на Корона-вирусот, ФФМ редовно ќе не информира за најновите настани околу евентуалното доигрување на домашното првенство и подолу рангираните лиги.