Група во која секојдневно се споделуваат порнографски материјали со деца и малолетници е откриена на социјалната мрежа „Телеграм“. Како што е наведено, во групата „Балканска соба“, еден од членовите дури објавил и видео на дете, околу пет или шест години, како се самозадоволува. Оваа морничава група на „Телеграм“ брои околу 2.000 членови, објавуваат српските медиуми Kурир.рс и Блиц.рс.

Наводно, групата повеќе не може да се најде на Телеграм, но снимки и скриншоти кружат по социјалните мрежи. Во Србија функционираше претходно и групата „Ју балканска соба“ која броела над 36.000 членови од регионот на која мажи споделуваа експлицитни приватни снимки и фотографии од своите поранешни девојки. Голем дел од содржините се „одмаздничка порнографија“. Во март годинава, српските истражни органи уапсија 25 годишно лице од Ниш, администратор на групата „Нишлијки“ под основано сомнение дека сторил кривично дело прикажување, собирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија.