Владата на седницата вечерва официјално прогласи кризна состојба. Владата со тоа ја потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Пендаровски. Ова ќе значи дека армијата се вклучува во битката со коронавирусот, а државата може да ги користи ресурсите на приватните болници во битката со Ковид-19. Вчера Советот за безбедност препорача воведување на кризна состојба на територијата на целата држава, а денеска Владата донесе одлука. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена. Кризна состојба не значи дека ќе има и полициски час.