Австралиските научници тврдат дека веќе развиле вакцина против коронавирусот, но дека истата сè уште не можат да ја применат на луѓето.

Тројца научници од Универзитетот Квинсленд во Бризбејн, веруваат дека создале вакцина која што може да делува против вирусот Ковид-19.

Доктор Кит Чапел, кој што завршил постдокторски студии за стабилизација на вирусните протеини, убеден е дека вакцината ќе даде позитивни резултати на луѓето.

Чапел од месец јануари ја развива вакцината, заедно со своите колеги – Пол Лонг и Трент Мунро. Тимот на научници експериментирал со 250 различни формулации пред да дојдат до вакцината која што ја нарекле „С-спајк“.

Таа вакцина моментално се тестира на лабораториски глувци, а на луѓето би можела да биде тестирана до мецес јуни.

Веруваат дека вакцината ќе биде достапна до крајот на оваа година!!!!

Чапел објаснил дека за правилното развивање на инјекциите потребен е долг временски период. Исто така тој изјавил дека научниците мора да бидат внимателни поради комерцијалниот ризик и нагласил дека се очекува вакцината да биде во употреба до крајот на годинава.

Вакцината е креирана врз основа на сопствени заразни својства на вирусите со помош на новопатентираната технологија, засновани на ДНК.

Оваа технологија користи ДНК секвенца од коронавирусот која Кина ја пушти за да произведе протеини кои што се исти како оние кои што се наоѓаат на површината на реалниот вирус.

Тој протеин е суштината на вакцината и способен е да создаде одговори на имуниот систем кој ги штити луѓето.

Лекот веќе покажал ветувачки резултати на лабораториските тестови на другите опасни вируси. Следниот чекор е вакцината да влезе во производство, а тоа би чинело околу 20 – 30 милиони долари.

Во Австралија досега 204 луѓе заболеле од коронавирусот, а забележани се три смртни случаи.

Премиерот Скот Морисон најавил дека австриската влада ефективно ќе забрани “неважни“ јавни собири со повеќе од 500 луѓе од понеделник и ги предупредил Австралијанците да не патуваат во странство.

„Ние ќе забраниме собири со над 500 луѓе од понеделник“ – изјавил Морисон.