Седат Пекер е водачот на турската мафија. Има 49 години и е носител на македонски пасош како Џадин Ахмедовски. Тој само некоолку дена откако беше протеран на Косово се вратил во Македонија и во полициската станица во Драчево, се фотографирал и поднел барање за лична карта и пасош.

За време на престојот во Скопје отседнал во  мал хотел во Петровец и веројатно имал средби со наши политичари и криминалци. Седат Пекер веќе десетина години е водач на турската мафија, приврзаник на Абдула Ѓуулен и жесток противник на претседателот Ердоган.

На 12 мај 2005 година бил уапсен за време на операцијата „Пеперутка“ во Турција. На 31 јануари 2007 година бил прогласен за виновен за градење и водење на криминална организација, грабеж, фалсификат и осуден на 14 години и 5 месеци затвор.Како што самиот тврди, Пекер поради тој случај и конфликтот со зетот на Ердоган имал финансиска штета од околу 300 милиони долари. Берат Албајрак донеодамна беше министер за финансии во турската влада и зет на Таип Ердоган. Пекер е обвинет и дел е од аферата за соборување на Ердоган, за што е осуден на 10-годишна затворска казна. Интересно е што по него е снимена турската хит серија „Долина на волците“ која беше популарна и кај нас.

Под превезот на големи сомневања Седат Пекер заминува во Турција и се стационира на Балканoт. Се до изборите во Црна Гора кога власта на Мило Ѓукановиќ ги губи изборите, Пекер престојува во таа држава. По промената на власта во Црна Гора тој ја напушта таа држава. Еден период престојува во Украина и потоа доаѓа и седиштето на своите активности го преселува во Скопје.

Пред преселувањето во Скопје, Пекер имал неколку посети на македонскиот главен град кога престојува во ексклузивен хотел во Скопје и се сретнува со голем број преставници на македонското надземје и подземје.

Но откако одлучува целосно да се пресели во Скопје, тој изнајмува еден мал хотел во општина Петровец и таму се преселува со своето семејство и со целото негово обезбедување.