Концертот на Аца Лукас кој преку социјалните мрежи беше најавен за 1-ви август, а кој предизвика жестоки реакции од македонската јавност е откажан. Пред околу еден час Аца Лукас на неговиот официјален фан пејџ на Фејсбук објави дека концертот го откажува и се надева дека во блиска иднина кога условите со коронакризата ќе дозволат тој ќе дојде во Македонија.

Најпрвин беше откажан концертот во Србија поради ситуацијата со коронавирусот, кој на 10 јули требаше да се одржи во Бања Лука заедно со Ана Николиќ, а сега е откажан и настапот во Охрид кој требаше да се одржи на први август, во очи на најголемиот македонски празник Илинден.

Аца вели дека концертите не ги закажува лично тој туку неговиот менаџмент, но биле побарани гаранции дека концертот ќе биде одобрен и регулиран од сите овластени институции но досега добил само усмени гаранции

– Со извинување пред се до целата македонска јавност, а посебно македонските музичари и сите уметници во Македонија кои се принудени да седат дома и да не работат, и со морална обврска никако не сакам да утре некој каже дека се заразил на мој концерт. И со извинување на сите кои се радуваа на мој концерт, ве известувам дека концертот на Александар Вуксановиќ, Аца Лукас нема да се одржи на први август оваа година во Охрид, напиша пејачот

 

Poštovana publiko, moji dragi fanovi, i svi ljudi u Makedoniji, mislim da je prikladno da se svima vama, kao i…

Posted by Aca Lukas on Monday, July 27, 2020