ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес ја известува јавноста дека просторот во кој ги извршуваше потребните земања на брисеви на граѓаните сомнителни или со симтоми на инфективното заболување Ковид -19, поточно во зградата на поранешното ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, беше неопходно да го отстапи за потреби и реализација на претстојните парламентарни избори. Во интерес на изборниот процес и грижата за јавното здравје на велешани таму се одвива процес на гласање, на три избирачки места, што мора да се случи на 15 јули, годинава.
ЈЗУ Центар за јавно здравје ги информира велешани дека веднаш по реализацијата на гласањето во среда, на 15 јули, годинава ќе му биде повторно ставен на располагање овој простор за непречено одвивање на работните задачи поврзани со тестирањето на Ковид 19.