Утринава мерните станици за загадувањето на воздухот во Велес со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките покажаа дека воздухот е многу загаден. На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50. Нејасни се причините за ова, бидејќи среде лето со температури околу 40 степени и по дождот и ветарот ноќва Велес се разбуди со екстремно загаден воздух. При сличната ситуација пред околу три недели кога исто така имаше екстермна загаденост на воздухот надлежните излегоа со објаснување дека најверојатно се работи за пустинска прашина. Сепак извештаи од терен немаше па јавноста остана покуса за релевантна информација што навистина се случува со воздухот сред лето.