Во Велес во текот на вчерашниот ден немаше регистрирано ниту еден новозаразен од Ковид-19, но денеска се регистрирани 36 заразени. Според статистиката на Министерството за здравство, 54 лица оздравеле, а еден велешанец, на 76 годишна возраст, е починато. Бројот на активни случаи е 679 лица, а од почетокот на пандемијата во Велес има 5242 заразени Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 85 пациенти, од кои 71 позитивен, 4 сомнителни  и 10 со негативен брис, но задржани на болничко лекување. Вчера беа 91 пациент од кои  77 потврдени на Ковид-19, што значи дека бројот е во опаѓање но сеуште е висок бројот на оние со покомлицирана клиничка слика па затоа 46 пациенти се ставени на кислородна подршка.