Утринава во велешката болница почина 51 годишен велешанец кој бил позитивен на Ковид-19. На инфективното одделение во велешката болница бил примен пред десетина дена но денес тој ја изгуби битката со корона инфекцијата. Како последица на компликации настанати од Ковид-19 досега починаа 67 велешани.