Борче Пинев по несреќата која му се случила пред неколку денови денес почина. Пинев доживеал пад од голема височина при обид за сечење на гранка од дрво по што беше префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје каде лекарите се бореа за неговиот живот но поради сериозноста на повредите на черепот тој ја загуби битката. Пинев кариерата ја започнува 2005 година како адвокат. 2009 година е вработен како советник во Државното правобранителство за подрачјето на Велес, а во 2012 година е избран  за Државен правобранител за подрачјето на Велес функција која ја обавуваше со голема посветеност и професионализам. Борче Пинев имаше 45 години и е татко на две ќерки.