На 4.07.2020 во 19h почина Ангел Петров, академски сликар и професор. Престана да чука едно големо хумано срце. Посмртните останки ќе бидат изложени во црквата Св. Пантелејмон Велес на 6.07. Понеделник од 11:00-12:00h. Слава му.

БИОГРАФИЈА на Ангел Петров–академски сликар и професор
Роден e 22.08.1933год. во Велес – Maкедонија. Средно Уметничко училиште завршува во Скопје кај професорите Личеновски, Мартиновски, Коџоман и Борко Лазовски. Во втора година од ова училиште е награден како најталентиран од генерацијата. Образованието го продолжува во Белград во Академијата за применета уметност која ја завршува 1962 год во класата на професорот Винко Грдан. Веќе во наредната 1963 год започнува самостојно да изложува за до денес 2020 год има реализирано 58 Самостојни ликовни изложби од кои 47 во Македонија и 11 во странство ,како и учество во повеќе од 200 групни изложувања. Член е на ДЛУМ од 1967год. Негови дела се наоѓаат во многу Музеи, Галерии, приватни колекционери. Неговиот ликовен опус се содржи од пет ликовни фази и тоа: пејзажи, актови, коњи, портрети и Велешка архитектура. Ги негува следните ликовни техники: масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техникa, успешно презентирајќи ja културата на својот град Велес и Македонија. Адреса:Ангел Петров – сликар.Велес-Македонија ул: Архиепископ Михаил бр:11 тел: 389(0)43 229 638

Позначајни Награди Признанија и Благодарници
1.Награда за најдобра “мртва природа “-1950 година -Скопје од Средно уметничко училиште од професорот Лазар Личеновски 2. Благодарница- 1997 год -Велес по повод 120 год.Гимназија “Koчо Рацин “ 3. Орден на трудот со сребрен венец 1980год.Белград. 4. Спомен плакета 9- ти Ноември- 1998год.Општина Велес. 5. Благодарница за донаторство -2000 год. Пула,Хрватска од Македонското друштво “Koчо Рацин”
6. Благодарница за донаторство -2000 год. Ријека,Хрватска од Македонското друштво” Илинден “.
7. Награда за животно дело”ГЕМИЏИИ “2004 год.Општинa Велес. 8.Благодарница за донаторство-2005г.Битола од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух“KoчоРацин
9.Благодарница за донаторство -2005год Кочани од Галеријата “Бели Мугри “за Денови на оризот.
10.Благодарница за донаторство-2005 год Велес од Народен Музеј (за портрет на Панко Брашнар)
11.Благодарница по повод 45- годишен творечки јубилеј од МАНУ-2005год. 12.Благодарница -2007 год. по повод 150 год. Гимназија”Kочо Рацин” – Велес.