Во последните 12 часа во велешката болница починаа четворица пациенти. Велешанец  на возраст од 65 годишна возраст, маж на 73 години од с.Раштани и жена од с.Мамутчево на возраст од 85 години. Исто почината е и пациентка од Свети Николе која се лекувала во велешката болница на возраст од 64 години. Сите пациенти биле позитивни на Ковид-19 а смрта настапила поради компликации направени од корона инфекцијата. На лекување во велешката болница има 100 пациенти а скоро половина од нив се со потешка форма на болеста и поради тоа 48 се ставени на кислородна подршка. Фактот што половина од хоспитализираните се наоѓаат на кислородна подршка говори дека овој бран на Ковид-19 е доста по опасен од предходниот. Со ова бројот на починати од почетокот на пандемијата во Велес се искачи на 147. Покрај Инфективното одделение кое од самиот почеток на пандемијата е ставено во функција на Ковид пациентите, потоа Б-кракот на Интерното одделение и Модуларната болница која пред неколку недели беше ставена во функција од пред два дена и Физикалното одделение се претвори во Ковид центар во велешката Општа болница. Ова поради се поголемиот наплив на пациенти на кои им е потребна хоспитализација поради корона инфекцијата и компликациите кои им ги прави вирусот.