Mинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 51 случаи со корона инфекција додека 38 велешани се водат како оздравени. Сепак бројката на активни случаи во Велес со Ковид-19 е висока и изнесува 799 а од почетокот на пандемијата биле заразени  4779 велешани. Бројот на нови потешки случаи со Ковид-19 од ден во ден се повеќе расте. Во Општата болница Велес вкупно се хоспитализирани 99 пациенти Половина се пациенти со потешка клиничка слика и ставени на кислородна подршка. Денес починат е велешанец на 56 годишна возраст и една велешанка на 69 годишна возраст. Досега вкупно 143 велешани го загубија животот како последица на компликации настанати поради корона инфекцијата. Алармантна е Ковид состојбата во Велес и велешко, оцени денеска општинскиот штаб за заштита и спасување на триесет и четвртата седница. Градоначалникот Коцевски и штабот даваат целосна поддршка на мерките што ги донесе Владата по предлог на Комисијата за заразни болести. Препорачуваат граѓаните строго да ги почитуваат и кога ќе им дојде редот без двоумење да се вакцинираат, бидејќи само тоа е вистинска гаранција за нормализирање на состојбата и за заштита на личното и јавното здравје. Во Велешката болница секојдневно расте бројот на хоспитализирани лица, на инфективното, интерното оделение и во модуларната болница