Бројот на термини за тестирање за Ковид-19 е зголемен но негативна појава е тоа што граѓани кои не се од Велес,а добиле термин за тестирање во нашиот град не ја знаат локацијата на пунктот за земање на брис па лутаат низ градот од институција во изнституција. Ова е проблем бидејќи тие доаѓаат во повеќе институции во Велес пред да бидат упатени на точната локација во поранешното училиште ,,ЈХК Џинот,, каде екипите на Центарот за јавно здравје Велес земаат брис. Исто така Велес сеуште нема прифатен центар за потенцијално заболени пациенти од Ковид-19 па тие кога одат кај матичните лекари и во јавните здравствени установи претставуваат опасност за ширење на вирусот, информира градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.