Во текот на вчерашниот ден потврден е уште еден случај на Делта варијантата во Велес. Пациентот е во болница. Денеска ќе бидат готови резултатите  за уште четворица други пациенти. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Тој информира  дека,  ако кај  овие четири случаи се потврди делта сојот вкупно ќе бидат осум случаи и додаде дека случаите не се поврзани меѓу себе. Овие пациенти не биле вакцинирани, а засега не е познато дали патувале во странство.