Навистина жална вест. Не ми се веруваше кога ми кажаа. Наводно диносаурусот не сакал да живее во Македонија. Фатил депресија и делувал поприлично летаргично. Веднаш му се влошила здравствената состојба. Пробале со се и се што да му помогнат, но сепак било предоцна. Гледам дека и на другите диносауруси им се влошува здравствената ситуација откако дојдоа во Македонија. Не знам што е следно, но почнувам да мислам дека сепак овие животни не треба да седат затворени туку треба да ги пуштиме во слобода, па потоа да се зачленат во Титови Леви Сили или некоја друга партија. Навистина лоша вест – изјави еден од пријателите диносауруси. – сатирична вест на порталот kooperacija.mk