На речиси десет дена пред почетокот на пописот граѓаните честопати се прашуваат што треба да направат доколку попишувачот не ги најде дома или доколку едно семејство има два или повеќе станови и куќи, па дали треба и на тие адреси да се попишуваат. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за Плусинфо објасни какви се точно обврските во вакви или во слични ситуации. – Доколку попишувачот на точната адреса не најде никој од семејството дома, тој има обврска да остави белешка, кога точно повторно ќе дојде на таа адреса, а тоа може да се случи и три или четири пати. Бидејќи работното време на попишувачите е од 08 до 20 часот, поради тоа препорачуваме лицата кои треба да бидат попишани на истата белешка да остават точна саатница кога ќе бидат дома за попишувачот да дојде. Во минатото во ваква ситуација, попишувачот оставаше белешка по што попишуваните лица требаше да јават во локалната канцеларија за попис, но овој пат не е така – ни изјави Симовски.