Не ме прашувајте ништо, наскоро ќе добиете соопштение од Владата во врска со пописот. Ова кратко ни го рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако денеска попишувачите повторно не излегоа на терен за да ја спроведат статистичката операција објави Плусинфо.

– Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата – изјави Симовски.

Како што дознава Плусинфо, техничките проблеми со кои се беа соочиле попишувачите на вториот попишувачки ден наводно се надминати и апликацијата за попишување е повторно ставена во функција, но нејасно е зошто попишувачите утрово добиле наредба од ДЗС да си останат дома и да не го попишуваат народот.