Како се наближуваат локалните избори, така секојдневно главна тема се новите кандидати, кои за неколку месеци ќе се борат за титулата градоналник на општината за која се кандидирале.

Пред неколку дена една шокирачка фотографија се појави и на Инстаграм, поточно на профилот на Душан Пауновски, попознат како WHOISDUSHAN. Тој реши да ја промовира својата „програма“, а судејќи според она што го има напишано, но и од коментарите, сигурни сме дека станува за шега.

Душан вели дека тој е вистинскиот кандидат за градоначалник зошто е паметен, образован, чесен и има добра смисла за хумор, но и посочува „Ако може шерифот од Лозово да се кандидира по втор пат зошто да не се кандидирам јас.“

Тој ветува дека со неговата партија УДАР Велес ќе биде најударен град во Македонија, во секоја смисла.

Како ќе заврши трката за градоначалник на Велес останува да видиме, а доколку сакате да го поддржите Душан може да го контактирате на социјалните мрежи.

Инаку, Душан стана познат на социјалната мрежа ТикТок и е еден од најследените Македонци таму, исто така има голема публика и на Инстаграм. По улогата во серијата BLACKOPS и двете авторски песни што ги објави тој реши да се испроба и во политиката.