Вчера во 16.30 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и патничко возило „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес. Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес. Возачот поради тежината на повредите како и стресот не се сеќава на сообраќајната незгода. При вадењето на шоферот од автомобилот интервенирале и велешките пожарникари. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР