Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/литар.