ПЕТ ГОДИНИ затвор за славниот фудбалер на Барселона?!

27

Бразилската легенда Роналдињо се соочува со казна затвор од пет години откако беше уапсен за фалсификување на лични документи во Парагвај, иако е пуштен на слобода после седум часа испитување на кои признал дека направил кривично дело.

Бразилецот беше уапсен во хотел, откако властите го пуштиле да помине граница, за да не се направи уште поголема сензација со негово апсење, па приведувањето го направиле малку посуптилно во хотелот каде бил сместен Бразилецот кој дошол на промоција на својата книга, како и поради еден хуманитарен меч. Роналдињо и неговиот браз биле ослободени откако ја признале вината, ама сега им се заканува затворска казна ако се докаже дека се дел од голема криминална група и ако свесно работеле со првообвинетиот Вилмондес Соуса Лира, кој исто така е уапсен.

Роналдињо и неговиот брат тврделе дека се измамени, па на сослушување во судот ја признале вината, а судските власти се решиле да ги ослободат од притвор и да ги пуштат на слобода, за да почне да ја расплеткуваат големата криминална банда која наводно ја предводел бизнисменот Вилмондес.

„Ние предложивме да плати казна, а дали судот ќе прифати тоа е друга работа. Истрагата е во почетна фаза, собираме многу податоци, идетификувавме многу осомничени и ќе видиме како сето ова ќе се развива. Сакаме да дознаеме кој сè е дел од бандата“, велат од обвинителството на Парагвај.

Наводно, Вилмондес им дал лажни пасоши на Роналдињо и неговиот брат уште пред еден месец, а тие верувале дека како почесни граѓани ја добиле привилегијата и „наседнале“. Ама, се залетале откако Роналдињо остана без бразилскиот пасош, кој судот во татковината му го одзема поради неплатен данок и постапки за нелегално градење и загрозување на животната средина. Роналдињо има казна од 8,5 милиони евра и забрана да излегува од Бразил, а легендарниот фудбалер претходно прогласи банкрот.

„Ние доброволно ќе останеме во Асунсион. Спремни сме за секаков вид на соработка“, рекол адвокатот Адолф Марин.

Сепак, тоа што се ослободени и што ќе платат казна, не значи дека за нив завршија маките, зашто пегодишната затворска казна им виси над глава, ако се потврди дека Роналдињо и неговиот брат свесно учествувале во криминалната организација и знаеле дека имаат фалсификувани пасоши.