Денес во посета на СВР Велес беше заменик дополнителниот министер во Министерството за внатрешни работи, Славијанка Петревска.

На состанокот со одговорните лице во СВР Велес, Петреска била информирана дека состојбата на подрчјето кое го покрива СВР Велес е стабилна и мирна.

На средбата се разговара и за престојните предвремени парламентарни избори, како и за предизвикот кои што ќе се соочи министерството за внатршни работи.

„Раководството ме информираше дека се подготвени и дека ќе се соочат со оние предизвици кои престојат, ќе бидат обезбедени услови да се одржат фер и демократски избори.“ изјави Петровска.

Заменик министерката добила информации дека криминалитетот на подрачјето на СВР Велес е во опаѓање, при што констатираше дека полицијата си ја врши добро својата работа.

Петровска при одговор на новинарско прашање ја коментираше и кривичната пријава која беше поднесена од страна на МВР за пет високи службени лица во СВР Велес.

„Кривичната пријава е веќе поднесена до Јавното обвинителство. Не би сакала да се сфати како притисок или мое влијание, апсолутно би оставила ЈО да го сработи овој предмет. Но би упатила порака, дека полицијата не смее да биде начин или инструмент кои што политичките партии помеѓу себе ќе се пресметуваат. Запознаена сум и со детали на овој случај и мислам дека обвинителството треба поскоро да излезе со свој став по овој предмет.

Од податоците со кои располагала Петревска, не сакаше повеќе да ја коментира кривичната пријава, но сепак додаде дека голем дел од информациите со кои располага не биле земени во предвид.

На средбата било заклучено дека полициските службеници треба да останат на нивото на својот интегритет и да не дозволат било која политичка партија преку нив да влијае.

За потсетување, при посетата на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на СВР Велес минатата недела, во изјава за медиумите обзнани дека ќе биде поднесена крвична пријава за злоупотреба на службена положба на 5 високи службеници во СВР Велес.

Пријавата се однесуваше за кражба на дрва во атарот на село Горно Врановци во декември месец минатата година.