СВР Велес излезе со официјална информација за сообраќајната незгода која се случи синоќа по полноќ кпга возило влета во ,,Паб,, кај Офицерскиот дом.    ,,На 04.12.2021 год. oколу 00.40 часот во Велес на ул.„Благој Ѓорев“, пред угостителски објект, патничко возило „Сеат ибица“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Велес, излегло надвор од коловозот и  удрило во пешаците Ж.К.(26), С.Ч.(42), М.З.(45), Д.Д.(47) и А.З.(47). Во незгодата петте пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Бил извршен увид на местото на незгодата.,, соопштија од СВР Велес.