Патарини на автопатите се плаќаат за да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме, за да бидат во добра кондиција, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска изврши увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Министерот порача дека затоа се плаќаат патарини, за да може да се рехабилитираат постоечките и да се градат нови патишта.

Изјавата на министерот Бочварски која ја пренесоа медиумите наиде на остра критика кај дел од јавноста, можеби затоа што, „испливаа старите рани“ со состојбата на македонските патишта.

Возачите реагираа дека голем број патишта во земјава се со дупки, а сепак патарини се плаќаат на секои 20-3км.

„Патиштата стари, дупките гланц нови Зошто да плаќам патарина?“ – гласи еден коментар на социјалните мрежи.

„Никој не е против плаќање, поентата е дали е потребна патарина на секои 20 до 30 км и како е можно на една патарина да се плаќа 40, а на друга 100 денари“- пишува друг.

„Даноци плаќаме за да имаме функционални патишта. Тендери се објавуваат за да имаме фунцкионални патишта. Патарина плаќаме као арач. 100 ден патарина за 20 км автопат.“ – гласи еден коментар.

Граѓаните реагираат и што Макеоднија е единствена земја во регионот кае не постои опција за месечна или годишна карта за плаќање на патарина.