ФБ страницата Ohrigani објави шеговит статус за испраќањето на гостите кои го избегнаа 80 часовниот карантин и решија продолжениот викенд да го поминат во Охрид

 Официјална програма за утрешното испраќање на гостите и дезинфекција на градот! 😷

➡️ Од 5.00ч – 5.30ч собирање на сите Охриѓани кј минимаркет.
➡️ 5.30ч ојме сите кј петљана
➡️ 6.00ч – 8.00ч испраќање на нашите викендаши.
➡️ Земете по 200 денари да им вратиме на секој Скопјанец за кафето шо го платија 350 денари.
➡️ Исто ќе делиме шишиња со езерска вода, зш се опраа од сркање со лајци овие 3 дена.
➡️ Ќе имат жива музика, ќе се свирит и “Черешна се од корен корнеше” зш чуството е исто како невеста шо ќе заминит од дома.
➡️ Без плачење и тага, ќе се вратет пак наредниот полициски час или за Илинден.. (зш Грција не ги сакат)
➡️ Мислешани нека му фрлет некое јајце по колине за среќа и добар пат!
➡️ Дебрчани да не излезет на магистралниот пат, гостиве слободно да может да шибет за Скопје!
➡️ После сите дома на к’пење, кој сакат и со ВИМ нека се жулнит.
➡️ Од 10.00ч – 13.00ч дезинфекција на народот со цистерни. Први Воска, последни Бејбунар.
➡️ Сите да застаните голи на улица, ќе поминит цистерната и ќе ве испрскат. (На 2-3м оддалеченост)
➡️ Седите 10 минути на сонце да упијат.
➡️ Од 13ч до 16ч ќе ојт до Љубаништа.
➡️ Олшанци нека слезет голи кј Елешец, зш цистерната немојт да накачит.
➡️ Љубанци нека одет голи Трпејца, зш шоферот Климе се брзат сакал да фрлит мрежа за плашици.
➡️ Од 16ч до 17ч ќе поминит Лескоец
➡️ Велгошти неморат зш рајчијата доволно дезинфицират.
➡️ Исто и Косел неморат, зш 30 минути зрачење на вулканската миризба ги убиват сите вируси.
➡️ После сите со крпите и кофите и да се чистит градов. Секое ќоше, секоја дупка, све!
➡️ Од вторник ќе си пиеме кафе 80 денари во чист град! ❤️

✅ Официјална програма за утрешното испраќање на гостите и дезинфекција на градот! 😷➡️ Од 5.00ч – 5.30ч собирање на…

Posted by Ohrigani on Sunday, June 7, 2020