Вакцините „Синофарм“  најдоцна  во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација ширум државата. Во Велес вакцинацијата ќе продолжи во Здравствениот дом, а исто така пункт за масовна вакцинација ќе биде отворен и во спортската сала ,,Гемиџии,,. -Следната недела во градовите кај што има и сала и пункт во здравствен дом ќе функционираат двата пункта Ќе видиме како тој систем ќе се одвива и доколку видиме дека може да се сконцентрира се на едно место тогаш ќе останат да функционираат само спортските сали, односно пунктовите за масовна вакцинација. Сите граѓани од целиот тој регион околу тие пунктови ќе може да дојдат,  така ќе бидат и закажувани. И за Велес и за Прилеп во втората половина на мај ќе се отворат пунктови во спортски сали“, рече денеска министерот Венко Филипче.