Од петок започнува реконструкцијата на завршниот слој на асфалт на дел од улицата „Благој Ѓорев“ и дел од улицата „8ми септември“- од раскрсницата кон Брза помош до раскрсницата кај јаворите со површина од 3.800 метри квадратни. Ќе се изврши гребење на завршниот слој и асфалтирање. Изведувач на градежните работи е Друштво за градежништво „Битем“ од Скопје.

Градоначалникот Коцевски најави асфалтирање и на други сообраќајници во градот, сателитската населба на Езеро „Младост“, како и во селата Црквино и Горно Оризари.

„Ја користам оваа прилика јавно да се заблагодарам на Јавното претпријатие за државни патишта кое ни одобри 15 милиони денари за реконструкција на улицата „Вардарска“ во должина од 1100 метри, за реконструкција на дел од влезниот регионален пат од Штип кон Велес  и третата делница што треба се реконструира со дел од тие средства е стариот регионален пат кон Градско“, рече Коцевски.