Некои земји воведуваат брзи антигенски тестови за влез во маркети или на културни настани. Ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон генералната популација е голем и ние ќе воведеме рестриктивни мерки, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Се размислува да се воведат некои рестриктивни мерки за невакцинираните во земјава од септември или октомври, доколку се процени дека ризикот од невакцинираните кон генералната популација е голем, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Засега не планираме никакви рестриктивни мерки. Но, ги следиме искуствата. Во светот има дебата дали да се прави рестрикција за граѓаните кои не се вакцинирани, да не ги загрозуваат оние кои се вакцнирани. Некои земји воведуваат брзи антигенски тестови за влез во маркети или на културни настани. Ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон генералната популација е голем и ние ќе воведеме рестриктивни мерки, изјави министерот.