Од денеска до 20 јануари угостителите треба да ги затвораат објектите во 18 часот согласно новите рестриктивни мерки кои стапуваат на сила. Забрна има и за групирање на плоштади за новогодишни прослави како и секаков вид на собири за време на празниците. И рестораните во хотелите не смеат да работат по 21 часот. Казината и кладилниците остануваат отворени 24 часа.

Министерот на прес конференција пред неколку дена појасни дека иако казината и кладилниците не се ограничени со работното време, тие нема да можат да служат пијалоци и храна по 18.00 часот. Новинарското прашање до Бектеши следуваше откако голем број на револтирани граѓани реагираа на социјалните мрежи за нефер однос и третман.

„Не го знам бројот на казината, обложувалниците и автомат-клубовите кои даваат и угостителски услуги, но правилото важи секаде каде што се служи храна и пијалоци и таму треба да се почитуваат мерките“, рече тој.