Одбојкарите од Градскиот одбојкарски клуб „Борец“ од Велес го освоија првото место во групата на финалниот турнир во младинска конкуренција што се одржа пред две недели во Струмица. Во конкуренција на силни одбојкарски тимови успеале да постигнат солидни резултати и да се најдат на првото место во групата. На овие натпревари велешките одбојкари играле против тимот на Одбојкарскиот клуб „Јанта“ од Скопје кој го совладале со резултат од 2:0. Оваа победа им овозможи влез во финалниот дел каде играле со екипата домаќин, Одбојкарскиот клуб „ЏИО“ од Струмица и во многу тесни резултати го освоиле второто место. ЗА ГОК „Борец“ ваквите резултати претставуваат огромен успех затоа што како и многу други спортски клубови се соочија со редуцирани тренинзи и услови за тренирање.

Тимот на сениори пак завршил на табелата во четирите најдобри екипи освојувајќи го четвртото место. Во моментов клубот е во преговори за нови играчи кои ќе го зајакнат тимот за нови победи.