Граѓани се жалат дека добиле двојно повисоки сметки за струја за ноември од она што вообичаено го плаќале во најстудените зимски месеци. Тие сметаат дека не е во прашање зголемената цена на струјата, туку дека ЕВН не ги прочитала нивните струјомери и ставила паушален износ или станува збор за некакво порамнување на сметките. Од ЕВН, пак, велат дека нивните екипи редовно ги читаат струјомерите и дека така било и за овој месец. Оттаму им препорачуваат на граѓаните сами да ги читаат струјомерите и доколку забележат разлика во фактурата да реагираат електронски или директно во Корисничките енергоцентри на ЕВН. Жител на Ѓорче Петров вели дека и покрај тоа што се топли со инвертер клима, сметката за струја во ноември му била повисока од зимските месеци претходната година. – Ако во овој месец кога повеќето денови беа топли плаќам 12.000 за струја, тогаш во февруари можно е да добијам сметка и од 50.000. Ваква сметка лани немав ниту во најстудените зимски месеци, бидејќи се топлам со инвертер клима. Сегашната е двојно повисока од тие сметки – вели нашиот соговорник.

целата сторија на plusinfo.mk